MobiScribe – таблет со електронско мастило што може да ја замени хартијата

42

Фото: Indiegogo

Иако технологијата постојано оди напред, пишувањето на екран никогаш не може да се спореди со пишува на хартија. Технолошката компанија Team UC развива електронско мастило за таблетот MobiScribe, што ќе има за цел да ја замени хартијата, пишува Forbes.

Овој таблет ја комбинира едноставноста и комфорот на читањето и пишувањето на хартија и лесниот пристап до дигиталните белешки.

Корисникот без никаков проблем може да запишува, да црта, да уредува и да чита од овој таблет. Со помош на интегрирана апликација, корисникот може она што го напишал да го конвертира во .pdf, .txt, .prc и слично.

MobiScribe имаше кампања на глобалната платформа за групно финансирање, Indiegogo, од каде успеа да собере над 430.000 долари.

Основната верзија на овој таблет е 214 долари.

  • ОЗНАКИ
  • IT