Моќта на маркетингот: На кои непотребни работи најчесто “фрламе” пари?

77

pari

Фото: Pexels

Маркетиншката индустрија има неверојатно влијание врз нас. Играјќи си со нашите заблуди и стравови, компаниите нè мамат да купуваме купишта непотребни работи. Бизнис Инсајдер направи листа од пет индустрии кои остваруваат огромен профит од нашата несигурност.

1. Теретана

Уверени сте дека ако платите месечна членарина, тогаш ќе морате редовно да одите во теретана на вежбање? Не е така. Бројките покажуваат дека дури 67% од членовите никогаш не доаѓаат во теретана. А оние коишто ја плаќаат, плаќаат 70% повеќе отколку кога би ја плаќале секоја посета одвоено.

2. Здрава и диетална исхрана

Иако не постои сигурно истражување кое би ја докажало нивната ефикасност, пазарот на витамини и други додатоци на исхраната во 2011 година тежеше 28 милијарди долари. Пазарот за слабеење пак, во 2010 година вредеше 60 милијарди долари, иако истражувањата покажуваат дека диетите се краткорочни и резултираат со нови дебелеења во иднина.

3. Облека

Според неодамнешно истражување, секоја жена има 22 парчиња облека кои никогаш нема да ги облече. Американците годишно трошат 331 милијарди долари на облека, иако во шкафовите имаат купови неизносена облека. Ова може да се објасни со фактот што луѓето секогаш вложуваат во исти работи. Затоа купуваат 10 исти маици или слични фустани.

4. Средства за чистење

Дали некогаш сте купиле различни средства за чистење подови, мебел, тоалет…? Тогаш ви е јасно како оваа индустрија заработува 52 милијарди долари годишно. А колку од овие средства биле ефикасни како што е во рекламите? Рекламите ве тераат да верувате дека бактериите ве демнат од секоја страна во вашиот дом. Но, експертите предупредуваат дека честото користење на средства за дезинфекција не само што е непотребно, туку е и штетно, особено кога се работи за јаки хемикалии.

5. Производи за деца

Одредени производи за деца навистина се добри за нивната безбедност, на пример како детските седишта за во автомобил. Но, компаниите често знаат да “молзат” пари од родителите и за некои непотребни работи, рекламирајќи ги како органски, а всушност…