
МОЛ откри ново нафтено поле во село во западна Унгарија, при што нафтата е пронајдена на длабочина од 1.250 метри, соопшти денеска компанијата.
Дупчењето на новиот бунар Сом-8 во тоа нафтено поле започна на 25 ноември минатата година и беше завршено по 33 дена работа.
Врз основа на тестовите спроведени до март, беше потврдено дека бунарот може да произведува 1.200 барели нафта дневно, која со камиони се транспортира до рафинеријата Дунав во Сасаломбата.
Според соопштението, МОЛ има амбициозни инвестициски планови во областа на истражување и производство и планира да инвестира околу 150 милијарди форинти во производството на нафта и природен гас во Унгарија во следните пет години.
MOL е најголемиот производител на јаглеводороди во Унгарија, со речиси 1.300 активни извори на нафта и гас.