
Во тек се разговори за можноста унгарската нафтена и гасна компанија МОЛ да купи удел во српската НИС, изјави денес шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Гергељ Гуљас.
Тој рече дека доколку се постигне договор, трансакцијата би била „нормална пазарна операција“, но нагласи дека разговорите се во рана фаза, пренесува Ројтерс.
Тој додаде дека е во интерес на НИС да се стави крај на руското сопствеништво и дека една од опциите е поголема улога за унгарскиот МОЛ.
Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто, вчера во Белград, по состанокот со министерката за рударство и енергетика, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, објави дека компанијата МОЛ ќе го зголеми извозот на нафта во Србија за 2,5 пати и рече дека Унгарија ќе ги искористи сите расположливи средства за да ѝ помогне на земјата во снабдувањето со нафта, објавија медиумите, пренесува Танјуг.











