Monsieur – првиот часовник од Chanel за мажи

24

Channel-Monsieur-1Светски познатиот бренд Chanel по речиси три децении посветеност на понежниот пол реши да ги израдува и мажите, пишува Financial review.

За таа цел модната куќа го претстави својот прв машки часовник наречен Monsieur de Chanel. Истиот беше изложен на овогодишниот саем Baselworld во Базел, Швајцарија, а за да се создаде часовникот биле потребни цели пет години.

Monsieur го има првиот Chanel механизам Calibre 1, систем со 170 компоненти и е првиот часовник креиран во градот Ла Шо де Фон во Швајцарија.

Моделот ќе биде пуштен во ограничена верзија од само 300 парчиња, од кои 150 ќе бидат изработени од беж злато со цена од 48.500 долари, а другата половина од бело злато и ќе чини 50.800 долари. Часовникот ќе биде достапен од јуни годинава, а заинтересираните можат уште сега да се запишат на листата на чекање на официјалната веб страна на Chanel.

chanel1-750x500