Moonflower 72 – луксузната суперјахта дизајнирана како остров

77

Со заеднички напор, престижната компанија Nauta Design, позната по дизајнирање на луксузни јахти, и бродоградилиштето Wider, ја создадоа Moonflower 72. Суперјахтата импресионира со луксуз, удобност и софистицираност и ќе биде готова до 2025 година.

Пловилото е со челична и алуминиумска конструкција. Има пет ката, од чии тераси можете да уживате во прекрасен поглед на морето.

Moonflower 72 е долга 70 метри и има издолжена палуба. Нејзината структура меѓу експертите е позната како „островот“ и е патент на Nauta, пренесува abc.es.

Суперјахтата има тераси на преклопување, што ја прави единствена и му овозможува на сопственикот да го прошири и стеснува просторот.

При дизајнирањето на ploviloto, двете компании ја разгледаа и животната средина, потпирајќи се на вештачката интелигенција за дистрибуција на енергија во форма на топлина.

Кога станува збор за дизајнот, Moonflower 72 е што е можно поблиску до постигнување хармонија со природата. Има многу стакло, хоризонтални линии и елеганција.

Погонот е доделен на Wider hydride систем и вклучува два генератори со по 1.860 киловати моќност. Има и батерија со капацитет од околу 1 мегават.