„Моравме да мукаме како крави“- Најлоши интервјуа за работа

62

Кандидати ги споделија своите бизарни искуства: „Моравме да мукаме како крави“, „Колку години ти преостануваат„? „Разговор со компјутер“ „Дали планирате деца?

Интервјуата за работа секогаш се стресни, но вистинскиот проблем настанува кога ќе станат непријатни и непрофесионални. Некои имале многу бизарни искуства.

При интервјуирање за работа, кандидатите секогаш се трудат да остават најдобар можен впечаток, но понекогаш по интервјуто ја напуштаат канцеларијата на позицијата што ја сакале, збунети или навредени. Ова се неколку примери од најлошите искуства на интервју за работа.

Леј пристигнала на време на интервју за работа во адвокатска канцеларија во Бристол, но 20 минути подоцна интервјуто било откажано и ѝ било кажано да се врати следниот ден. Била вознемирена, но се влошило кога добила СМС порака дека „откажувањето“ на интервјуто е тест и паднала на истиот. Таа не ја доби работата. Ова искуство, Леј за Би-Би-Си го опиша како целосно бизарно и инспирација да започне сопствен бизнис, во кој ќе се придржува до многу појасен и потранспарентен начин на вработување.

Несоодветни прашања и непријатни барања
Според агенцијата за вработување Хејс, повеќе од половина од луѓето имале негативно искуство за време на процесот на интервју за нова работа. Би-Би-Си разговараше со десетици луѓе кои претрпеле чудни, навредливи и одбивни интервјуа. Ајксин Фу имала и бизарно искуство, аплицирала за работа како студентски претставник на универзитет за минимална плата. За време на групното интервју на сите кандидати, од нив беше побарано да ползат под подот и да „мукаат како крава“.

„Околу 3-4 минути го направивме тоа што од нас бараа. Во тој момент бев многу иритирана, беше многу непримерно. Но, имаше притисок од околината, бидејќи сите молчеа”, изјави Фу.

Лицето кое ги интервјуирало објаснило дека со тоа барање се обиделе да видат дали кандидатите се забавни, но Фу верува дека еден од претпоставените едноставно сакал да ја покаже својата супериорност.

Џули од САД изјави дека работодавците како да заборавиле како е да се биде од другата страна. Тоа го заклучила по видео-интервју во 2022 година кога аплицирала за работа како копирајтер. На почетокот сè одело добро бидејќи таа ги исполнувала сите услови, но кон крајот на интервјуто работодавецот ја прашал: „Колку години ти преостануваат, таа му кажала дека е во раните 60-ти и не планирала наскоро да се пензионира.

Староста не е единствениот проблем со кој се соочуваат барателите на работа. Перл Касирие, менаџер за маркетинг на содржина, рече дека грубо ја прашале за нејзиното потекло за време на интервју за далечна ПР позиција во милански моден бренд. Касирие живее во Лондон, а како мала ја напуштила родната Уганда и од мала живее во Европа. Но, работодавачот инсистираше на тоа дека таа треба да биде платена според стандардите на Уганда само затоа што тоа е нејзината земја на потекло. Таа одлучи да ја повлече апликацијата за оваа позиција.

Том е ИТ инженер од кого еднаш било побарано да сними одговори на прашања за работа асистент во магацин, наместо да разговара со некого на формално интервју. Том се опишува себеси дека е од спектарот на аутизам, иако тоа не е нешто што сака да го сподели со луѓето. Тој објаснува дека му требаат јасни инструкции за време на интервјуата и претпочита да зборува лице в лице, опишувајќи го процесот на снимање како „разговор со компјутер“.

„Дали планирате деца?
Жените често наидуваат на несоодветно прашање. Според податоците од платформата за регрутирање Applied, секоја петта жена во текот на процесот на регрутирање била прашана дали има деца или планира да има деца. Еден од нив е извршниот директор на Applied, Кјати Сундарам, кој вели дека ова прашање и било поставено „повеќе пати отколку што може да изброи“.

Незаконски е работодавците да ги испрашуваат кандидатите за нивниот брачен статус, дали имаат деца и дали планираат да имаат деца. Сепак, Applied откри дека проблемот е уште полош за жените кои конкурираат за високи деловни позиции, каде што две петтини од жените го добиле ова прашање. Сундарам вели дека една од причините за ова е согледаната „економска лабилност“ на бременоста.

„Колку е поголема платата, толку повеќе породилно треба да платите додека барате покритие, а работодавците не сакаат мака“, коментира Сундарам.