Мост во Lego стил во Шведска

28

legos_bridge-1

Фото: Christo Guelov

Мостот Älvsborg, што се наоѓа во шведскиот град Гетеборг, доби нов изглед во стилот на Lego коцки, пишува Curbed.

Дизајнот е со потпис на Христо Гуелов, уметник од Бугарија кој работи во Мадрид, а лего мостот е дел од иницијативата Let’s Color Gothenburg (Ајде да го обоиме Гетеборг). Нејзината цел е да обучи млади и невработени луѓе кои имаат желба да станат професионални сликари. Преку креативни решенија на јавни уметнички проекти низ градот младите се натпреваруваат, а мостот е само еден од десетте победничките дизајни.

Älvsborg, којшто е изграден во 60-тите години на минатиот век, со впечатливите бои доби нова димензија и разиграност и уште поважно видливост од голема далечина.