Моторола ќе го претстави новиот паметен телефон Moto X

25

moto xМоторола ќе го претстави новиот паметен телефон Moto X на 1 август. Moto X е првиот телефон на Моторола дизајниран под водство на Google, кој ја купи оваа компанија во 2011 година за 12,5 милијарди долари.

Не се познати многу детали околу новиот смартфон, но според пишувањата на медиумите, ќе има 4,5 инчен екран, dual-core Qualcomm S4 Pro процесор, 2GB RAM и 16GB меморија. Ќе работи на Android 4.2.2, ќе биде опремен со Wi-Fi и две камери, 2,1 мегапиксели и 10,5 мегапиксели со блиц.