Му забранија на Мајк Тајсон да продава гума за џвакање со канабис во вид на уши

82

Светски познатиот боксер Мајк Тајсон нема да може да ги продава своите гуми за џвакање со канабис во американската сојузна држава Колорадо во нивната сегашна форма.

Причината е што тие имаат облик на уво, од кое дел е каснато, пишува Huffpost.

Новата храна на поранешниот боксерски шампион е референца за познатиот меч од 1997 година, кога Тајсон го гризна увото на Евандер Холифилд.

Компанијата за канабис на Тајсон, Tyson 2.0 нема да може да ги продава своите гумени уши во Колорадо бидејќи американскиот закон забранува прехранбените производи од марихуана да бидат обликувани како луѓе, животни, овошје или други слики што би можеле да привлечат деца.

Tyson 2.0 сè уште планира да ги лансира своите производи во Колорадо, но ќе ја промени нивната форма. Тие нема да изгледаат како уши, туку ќе бидат во форма на буквата „Т“.

Мајк Тајсон е во бизнисот со марихуана од 2016 година и заработува повеќе од 650.000 долари месечно од бизнисот, пишува весникот.