Мудис: На Европа без руски гас ѝ се заканува тешка рецесија

69

Агенцијата за кредитен рејтинг Мудис предупреди дека целосното прекинување на испораките на руски гас веројатно ќе доведе до тешка рецесија во Европа и дополнително зголемување на и онака високата инфлација.

Се вели дека најекспонираните компании се во енергетски интензивните сектори како хемискиот, автомобилскиот и производствениот сектор. Се додава дека европските комунални претпријатија, исто така, ќе бидат меѓу најекспонираните, главно поради нивната индиректна изложеност на повисоки цени на гасот и електричната енергија.