Мудри изреки од успешни бизнисмени и лидери

270

uspeh

Фото: Pexels

1. Светот се менува многу брзо. Големите нема да ги победат малите, туку брзите ќе триумфираат над бавните. – Руперт Мурдок, медиумски магнат

2. Вработувам луѓе попаметни од мене и им се тргам од патот. – Ли Јакока, американски бизнисмен

3. Запомнете, вистинската одлука се мери со фактот дека веќе сте презеле нов подвиг. Ако нема нов подвиг, вие не сте ја донеле вистинската одлука. – Ентони Робинс, американски автор

4. Најдобрите лидери секогаш вложуваат многу во јакнење на самодовербата на своите вработени. Кога луѓето веруваат во себе, неверојатно е што сè можат да постигнат. – Сем Валтон, основач на Волмарт

5. Ние немаме монопол. Ние имаме удел на пазарот. Тоа се различни работи. – Стив Балмер, извршен директор на Мајкрософт

6. Ако работиш само за пари, никогаш нема да успееш. Но ако го сакаш тоа што го работиш и ако секогаш ги ставаш клиентите на прво место, успехот е твој. – Реј Крок, еден од основачите на Мек Доналдс

7. Директорите не смеат да си дозволат несовесни вработени на важни работни места, тоа им го должат на вредните работници и компанијата во која тие работат. – Питер Дракер, консулатант по менаџмент

8. Треба огромна диспиплина за да изградиш компанија врз основа на оригинални идеи и да ја задржиш таа традиција на иновативност со години. – Стив Џобс, основач на Епл

9. Ништо не е нелегално ако сто бизнисмени решат да го направат. – Ендру Јанг, американски политичар, дипломат и активист

10. Добриот лидер ги учи просечните луѓе да работат како генијалци. – Џон Д. Рокфелер, познат американски бизнисмен, основач на Стандард Оил Компани