Мудри мисли кои најдобро го дефинираат успехот

4923

skali-oblaci-pixabay

Фото: Pixabay

Неколку изреки со голема доза на мудрост од познати и непознати автори.

Целиот напор се исплати само доколку не се откажеме од она што сме го наумиле – Наполеон Хил.

Ако сте тргнале кон целта и при тоа застанувате да фрлате со камења по секој пес што лае на вас, никогаш нема да стигнете до неа – Фјодор М. Достоевски.

Не губете време на работата што не ја сакате, страста ќе ви помогне да бидете ефективни – Доналд Трамп.

Никогаш да не престанувајте да поставувате прашања – Алберт Ајнштајн.

Успех е колку високо ќе успеете да се искачите откако ќе паднете на дното – Џорџ С. Патон.

За да успеете, желбата за успех мора да биде поголема од стравот да не успеете – Бил Козби.

Успехот не се мери според позицијата на која се наоѓате, туку според тоа колку препреки сте успеале да надминете – Букер Т. Вашингтон.

За да успеете во работата бидете смели, поинакви и први– Маршант.

Успехот е како скала, не можете да се искачете со рацете во џебовите – непознат автор.

Во секоја своја активност користете ги срцето, интелектот и душата. Тоа е тајната на успехот – Сивананда.

Успехот не доаѓа кога ќе посакате. Тој доаѓа кога ќе постојат дефинитивни планови, силна желба и постојана упорност и активност– непознат автор.

Ништо не доаѓа само по себе. Сè мора да постигнете сами– Чарлс Бекстон.

После бурата морето ги исфрла бисерите – непознат автор.

Тие што се качуваат по скалата на успехот, никогаш не се жалат дека останале без здив– Елиар.

Тајната на животниот успех лежи во подготвеноста на човекот да ја прифати шансата кога ќе се укаже – Бенџамин Дисрели.

Оние кои сакаат нешто да научат никогаш не се без работа – Мирабо.

Тајната на успехот е истрајноста до крајот – непознат автор.