Музички дрон ќе ги спречува вработените да работат прекувремено

12

dr

Фото: Pexels

Јапонска компанија ќе испраќа дронови што ќе пуштаат гласна музика околу канцеларијата за да ги натера работниците да си одат дома, пишува Independent.

Градежната компанија Tasei, којашто е задолжена за изградба на Олимпискиот стадион во Токио, го претстави T – Friend, дрон што ќе го контролира работното време на вработените и ќе ги испраќа дома кога треба. Идеја е музиката да ја намали концентрацијата и да ги спречи работниците да продолжат со работа по истекот на работното време.

Од компанијата очекуваат дронот, што го произведува Blue Innovation и телекомуникациската компанија NTT East, да биде готов до април 2018 година.