Германската компанија BSH Home Appliances неодамна го претстави роботот Mykie, скратено од My Kitchen Elf (мое кујнско џуџе), паметен и интерактивен помошник што може да асистира при извршување на работите во кујната.
Хуманоидниот робот висок 30 сантиметри има кружен монитор што може да клима со главата, намигнува и да се смее, а се поставува на работната плоча во кујната. Овој робот може да дава информации што има во фрижидерот, а ги контролира и кујнските апарати како машината за перење на садови или колку долго треба да се пече јадењето, предлага рецепти и комуницира со сопственикот.
“Mykie е личен асистент што ги олеснува секојдневните работи во кујната. Но, имаме уште многу работа пред да стане вистински интерактивен помошник“, вели директорот на одделот за иновации на германската компанија, Каи Граси.
Засега не е познато кога Mykie ќе биде достапен на пазарот.