На Аеродром Дубровник бесплатно ќе се слетува и полетува оваа зима

44

zracna-luka-dubrovnikЗа да го зголеми патничкиот промет и да ја подобри поврзаноста на Дубровник во текот на целата година, Аеродром Дубровник донесе одлука да нуди бесплатно слетување и полетување на авионите во текот на зимскиот ред на летање за сите меѓународни летови. Оваа одлука со која треба да се мотивираат авиокомпаниите да летаат кон Дубровник и во зима, ќе се применува од 27 октомври.

Croatia Airlines неодамна донесе одлука со која оваа зима ќе се укине зимската линија Дубровник – Франкфурт, затоа што на компанијата и носела големи трошоци. На сметка на тоа, треба да се воспостави подобар ред за летање кон Загреб.