На банките поради климатските промени им се закануваат загуби од 71 милијарда долари

77

Првиот голем климатски стрес-тест на Европската централна банка (ЕЦБ) покажува дека банките во еврозоната се соочуваат со удар од 70 милијарди евра (71 милијарда долари) од зголемени природни катастрофи и големи промени во различни индустрии.

Оваа бројка ги вклучува кредитните и пазарните загуби според најлошото сценарио, кое вклучува суши, екстремни горештини и поплави, објави денеска ЕЦБ со седиште во Франкфурт, пренесе „Блумберг“.
Европската централна банка наведува дека 60 отсто од банките сè уште немаат финансиска рамка за климатските ризици.