На корисниците во Русија им се препорачува да се префрлат на руските пребарувачи

147

Властите во Русија препорачуваат корисниците да се свртат кон домашните услуги за прелистување на Интернет.

Руското Министерство за дигитален развој, телекомуникации и масовни медиуми им препорача на корисниците на јавните услуги да инсталираат интернет прелистувачи кои поддржуваат руски безбедносни сертификати за комуникации, како што се Yandex.Browser или или Atom, за подобар пристап.

„Со цел да имаме подобар пристап до сите страници… препорачуваме да инсталирате прелистувачи кои поддржуваат руски сертификати“, се вели во соопштението на Министерството испратено до корисниците на јавните услуги.

Беше појаснето дека некои страници нема да можат да се отворат во моментов, поради проблеми во работата на органите за сертификација кои ја проверуваат безбедноста и веродостојноста на изворите.