На српскиот пазар 10% од лековите се фалсификат

19

lekovi

На пазарот во Србија околу 10% од лековите се фалсификат и во нив често се наоѓа недоволно активна супстанца или содржат материи кои се опасни за здравјето. Овие податоци се соопштени на конференцијата Значење на квалитетот на медицинските производи за јавно здравје и борба против фалсификат медицински производи во Србија, што вчера се одржа во Стопанската комора на Србија, пишува Вечерње новости.

Кај фалсификуваните лекови, кои обично се набавуваат преку интернет или огласи, се случува да недостасува активна супстанца, што кај тешките болни е исклучително опасно. Во фалсификуваните лекови можат да се најдат супстанции како отров за глувци, талк, креда, боја, асфалт.

Најчесто фалсификувани се лековите за потенција, хронични болести, притисок, дијабетес, рак и други тешки заболувања, истакнато е на конференцијата.

Во неразвиените земји дури 30% од лековите се фалсификат, а лажните лекови најмногу се нудат на интернет, 50%. Поради фалсификувани лекови, проценката е дека загубите на годишно ниво во светот се околу 75 милијарди евра, додека во Србија загубите се неколку милиони евра.