Акциите на компаниите што креираат видео игри, а се котираат на берзите во Европа и САД, забележаа голем пад по големото намалување на вредноста на акциите на кинеската компанија Tencent поради страв на инвеститорите дека овој сектор ќе се најде на удар на регулаторите.
Акциите на Tencent се намалија за повеќе од 10% на берзата во Хонгконг, со што се избришани скоро 60 милијарди долари од неговата пазарна капитализација, под влијание на статија објавена во државен медиум во која видео игрите се наречени “духовен опиум“.
Во статијата што се поврзува со кинеската државна агенција Xinhua се споменува видео игра на Tencent и се тврди дека децата се зависни од нејзе. Текстот повикува на воведување ограничување во таа индустрија.
Инвеститорите се плашат од можна поголема државна интервенција во Кина, откако неодамна во Пекинг се воведени построги контроли во повеќе дејности.
Иако не се очекува тоа да има директно влијание на гејминг компаниите надвор од Кина, цените на акциите се намалија, бидејќи можниот регулаторен удар на Пекинг да ја зголеми загриженоста на инвеститорите од ризик во гејминг индустријата.
Фото: Pexels