
Во четвртото тримесечје од 2025 година, вкупното производство на шумски сортименти во државните шуми е зголемено за 16.3 % во однос на четвртото тримесечје од 2024 година, објави Државниот завод за статистика.
Во четвртото тримесечје од 2025 година, вкупното производство на шумски сортименти во државните шуми изнесува 110 839 м3 и во споредба со истото тримесечје од 2024 година е зголемено за 16.3 %.
Во истиот период вкупната продажба на шумски сортименти изнесува 107 718 м3 и бележи зголемување од 11.9 %.
Најголем пораст на производството и продажбата е забележан кај рудничкото дрво, исто така и кај огревното дрво кое има најголемо учество во вкупното зголемување.
Намалување на шумското производство е забележано кај другото обло дрво, како и кај просторното дрво.
Производство на шумски производи:
- Огревно дрво 85 954 м3
- Трупци 21 628 м3













