Нагел: Јасно намалување на инфлацијата од 2024 година

Претседателот на германската Бундесбанка, Јоаким Нагел, очекува нагло пад на инфлацијата дури од 2024 година.

„Ќе биде потребно извесно време додека инфлацијата не го достигне нивото каде што припаѓа, што е два отсто“, изјави Нагел.

Тој посочи дека на земјите од ЕУ им претстојат уште неколку тешки месеци.

Тој смета дека Европската централна банка постапила силно со четири зголемувања на каматите и изрази очекување каматните стапки да продолжат да растат.

Нагел е убеден дека поради одлуката за ограничување на цената на гасот, во декември ќе биде видливо помал пораст на цените.

„Во јануари и февруари повторно ќе имаме малку повисока инфлација. Во текот на следната година инфлацијата во Германија ќе биде околу седум проценти. А од 2024 година стапката на инфлација јасно ќе се намали“, рече тој.