Награден натпревар на Huawei за најдобра фотографија

28

Повеќе од 27.000 фотографии, фотографирани со мобилен телефон се пријавени на конкурсот на последната кампања на Huawei – Next Image competition, до сега. Овие дела се прегледани од посетителите на страницата повеќе од 120.000 пати. Секој што сака да биде дел од настанот може да се пријави до 20-ти август на следниов линк.

Вашата фотографија ќе биде претставена пред широка публика, која своето воодушевување може да го претвори во гласови и “лајкови”, а со тоа вие да дојдете до големата награда и победа.

Засега, најпопуларната категорија е Природа со над 16.000 пратени фотографии.

Покрај шансата да се стане препознатливо и ново лице во светот на фотографите со објавување на ваша фотографија во National Geographic, можете и да добиете вредни награди. Победникот на Grand Prix наградата ќе добие 10.000 евра, MateBook X и патување во Италија.

Авторите на најдобрите три фотографии во секоја категорија (Лица, Добра ноќ, Здраво животе, Check-In, Природа, Приказна) ќе бидат наградени со парични награди, MateBook X лап-топи и мобилни телефони од P20 серијата. Но, тоа не е се – авторот на фотографијата која ќе добие најмногу гласови, ќе добие награда од публиката.

Гласањето е овозможено до 28-ми август, а жирито ќе ги прогласи победниците на 10-ти септември.

Фото: Pixabay