Наградна игра на Еуролинк: Само еден клик до сигурен дом и зимување во Банско

38

soopstenie

Денеска започнува големата наградна игра на Еуролинк осигурување, Лесно како клик – Само еден клик до сигурен дом и зимување во Банско.

Сите оние што онлајн ќе купат полиса за осигурување на домот преку интернет продавницата на Еуролинк осигурување во период од деветти ноември до шести декември, ќе имаат можност да освојат едно од четирите зимување на Банско и да уживаат во својот зимски одмор.

“Првпат во Македонија овозможуваме осигурување на домот онлајн на едноставен, брз и лесен начин. Токму оваа убава вест сакаме да ја споделиме со сите граѓани и затоа организираме наградна игра во којашто ќе продолжиме со изненадувања и со наградувања токму пред Нова година со четири зимувања во Банско. Покрај наградната игра, обезбедуваме и дополнителен попуст од 10% за секоја онлајн купена полиса за осигурување на домот“, изјави Марија Томеска, претседател на Управниот одбор на Еуролинк осигурување.

Среќните добитници ќе се извлекуваат по случаен избор секоја недела, а имињата ќе бидат објавени на официјалната интернет страница и на Facebook страницата на Еуролинк.

За повеќе околу Правилата за наградната игра информирајте се на интернет страницата на Еуролинк осигурување: www.eurolink.com.mk и www.facebook.com/eurolinkmk.