Најавени нови капитални проекти за југоистокот на Македонија

79

Поврзување на Струмица на интерконекторот со гас кај Петрич, Република Бугарија, е еден од приоритетите на кој разговараме на работните групи со колегите од Бугарија. На ова прашање ќе му дадеме посебно значење и во следниот период ќе ги утврдиме сите детали за овој проект, истакна министерот Благој Бочварски при денешната работка посета на општина Струмица.

Тоа ќе овоможи поевтин гас за општината која има развиено мрежа од околу 40 километри, но и за целата индустрија во градот, потенцираше министерот Бочварски.

Тој заедно со градоначалникот на општина Костадин Костадинов извршија увид во изградба на канализационен систем во населеното место Банско, каде преку буџетот на Министерството се вложува 42 милиони денари. Проектот опфаќа изградба на 15 километри канализациона мрежа и според договорот се очекува да се заврши до средината на оваа година.

„Сакам да најавам дека оваа пролет започнуваме со изградба на фекален и атмосферски канализационен систем и за населеното место Градско Балдовци, со што решаваме уште едно многиу значајно прашање за општина Струмица. Како Влада силно сме посветени и во модернизација на патната мрежа кон Југоисточниот регион. До сега инвестиравме преку 70 милиони евра во изградба и рехабилитација на патиштата во овој дел од државата. Исто така сакам да најавам дека оваа година планираме дека го рехабилитираме патниот правец Струмица – Дабиле, за што ќе инвестираме речиси 100 милиони денари.” – изјави министерот Бочварски.

Министерот најави изградба на експресен пат од Струмица преку Валанадово до Гевгелија, проект за кој документацијата е во завршна фаза.

За градоначалникот Костадинов, со реализацијта на овој проект ќе се создадат услови за подобар живот на жителите на Банско.

„И јас и министерот сме задоволни од досегашната изведба. Од планираните 15 километри канализациона мрежа, досега се изведени околу 10 км. Вредноста на овој проект изнесува 42 милиони денари. За целосно фукционирање на овој систем потребно е да се изгради пречистителна станица за третман на фекалните води пред да бидат пуштени во реката Водочница, а за која општина Струмица веќе има изготвено проект.“ – истакна градоначалникот Костадинов.