Најчеста новогодишна одлука: наоѓање нова (подобра) работа

22

Многумина почетокот на новата календарска година ја доживуваат како време за нов почеток. Кои важни одлуки го донесуваат хрватските граѓани на крајот на 2012 година и какви им се желбите за следната година, истражи порталот МојПосао на преку 500 испитаници.

На најголем дел од анкетираните, новогодишната желба им е поврзана со работата и кариерата. Така, 68% невработени Хрвати во новата година посакуваат да најдат работа, а 21% од вработените посакуваат ново и подобро работно место.

Унапредување посакуваат една петина од анкетираните, додека 17% се надеваат на подобрување на работите во компанијата во којашто работат. За започнување сопствен бизнис сонуваат 12% вработени и 11% невработени.

Жените повеќе сакаат нова работа од мажите – 42% жени посакуваат подобра работа, додека кај мажите тој процент е само 27%. Мажите се поамбициозни кога е во прашање започнување сопствен бизнис, скоро 19% сакаат да бидат сам свој шеф, додека истото го посакуваат само 9% жени.

Меѓу испитаниците што донеле новогодишни одлуки, помалку од половината ги оствариле. Најчеста причина за неисполнување на новогодишните резолуции се пречките што се појавиле попатно. Скоро една третина наведува “пречки” како главна причина за неуспех, на една петтина не им било многу важно дали ќе им се остварат одлуките, додека 15% сметаат дека немале поддршка од околината.