Најчести грешки на стартапите

39

Фото: Pixabay

Кои се најчестите грешки што стартапите ги прават кога започнуваат сопствен бизнис?

Одговорот во продолжение.

Споделување на веста

Сè додека не сте целосно подготвени да запливате во претприемачките води, не настојувајте по секоја цена да ве “има“ по социјалните мрежи и останатите медиуми. Не привлекувајте големо внимание пред да застанете на “цврсти нозе“.

Помалку ресурси

Не штедете на ресурси кои ви се потребни уште од старт. Ваша задача е да делегирате за да можете целосно да се посветите на важните работи. Секојдневните обврски околу стартапот препуштете ги на други компетентни лица.

Брендирање

Не чекајте да го формирате вашиот бренд, да кажете кои сте, што нудите и зошто сте оригинални. Многу стартапи чекаат подолго отколку што треба за да се промовираат и да застанат зад она што го претставуваат.

Финансии

Потребен е прецизен, точно пресметан, финансиски план ако сакате да успеете. Секој трошок мора да биде земен предвид. Недопустливо е непредвидена ситуација, затоа вклучете ги сите сценарија во бизнис планот.

Нефлексибилност

Не треба строго да се држите до одредена замисла. Понекогаш се случува некој друг да има подобра идеја од вашата, затоа бидете флексибилни додека го градите стартапот. Дозволете на поискусните да ве советуваат онаму каде што треба.

Инстант успех

За да можете подобро да функционирате заборавате на успех преку ноќ. Не очекувајте дека веднаш ќе почнете добро да заработувате. Така ќе го одбегнете евентуалното разочарување и ќе имате сила за да продолжите да го развивате својот бизнис и понатаму.