Најчести причини за отказ на вработените

142

Различни компании и сопственици даваат отказ поради различни причини. Сепак, постојат одредени правила што важат насекаде во бизнисот и во политиката на работењето.

Ова се шесте најчести причини поради коишто можете да добиете отказ.

Лош перформанс на задачите

Работодавачите не сакаат вработени кои не умеат да ги извршуваат своите задачи. Во ред е понекогаш да  побарате помош или да направите некаква грешка, но доколку тоа се случува редовно, ризикот е голем да останете без работа.

Крадење

Крадењето е во секој случај нелегално и голема причина да ве отпуштат од работа. Доколку некој вработен украде нешто од компанијата, без разлика за што станува збор неговиот/нејзиниот кредибилитет е разнишан, а исходот нема да биде позитивен.

Прекршување на политиката на компанијата

Секоја компанија има различна политика на работењето. Затоа, многу треба да се внимава што е дозволено и до која мера. Доколку “законите“ се прекршат повеќе пати, отказот ќе биде неминовен.

Доцнење, неприсутност

Доцнењето некогаш е невозможно да се предвиди или избегне. Се случуваат секакви ситуации, но ако тие ситуации преминат во секојдневие или ако некој вработен постојано зема слободни денови за икс причини, претпоставените ќе преминат кон ригорозни мерки меѓу кои и отказно решение.

Користење на сопственоста на компанијата за лични потреби

Повеќето компании нема да имаат против доколку понекогаш испечатите нешто за себе или ако праќате мејл за лични потреби. Но, ако постојано ги користите работите што се во сопственост на компанијата за свои цели, нема да поминете неказнето.

Непослушност

Тука се мисли за одбивање на задачи и работни обврски. Човечки е понекогаш да се каже “не“, но тоа не смее да премине во навика и да стекнете репутација на непослушност. На тој начин сте чекор поблизу до отказ.

За крај…

  • 22% од работодавачите отпуштиле вработен кога побарал боледување поради лажна причина,
  • 24% дале отказ поради за користење на интернет надвор од работните задачи,
  • 41% отпуштиле вработен поради доцнење,
  • 17% дале отказ на вработени кои постирале нешто на социјалните медиуми.