Фото: Pixabay
Грешките се одличен начин за учење. Но, грешењето воопшто не е забавно. Позабавно е грешките да се избегнуваат. Inc.com наведува неколку грешки кои најчесто ги прават сопствениците на стартапи:
Повеќе работа, помалку фалење
Лого, амбалажа, гардероба, екцентричен работен простор… ништо од ова не е важно ако не можете да испорачате. Бизнисот се гради со работа, не со фалење. Вашиот бизнис или личен стил ќе создаде препознатлив бренд се додека испорачувате. Бидете свои. И фатете се за работа.
Одете “на мало”
Идеите се инспиративни. Можностите се привлечни. Соништата се возбудливи. Но, извршувањето е се. Прифатете премногу обврски и само неколку ќе ги завршите како што треба. Ако се дефокусирате следејќи ги новите трендови, вашите најдобри идеи ќе останат нереализирани. Проверете се што има на бизнис менито, но одберете само неколку работи. Не се плашете да започнете “на мало”. “Малото” е скоро секогаш пријател на вашиот стартап.
Не го потценувајте времето
Ништо не се одвива толку брзо како што сте предвиделе. Направете временски рамки, но со неколку сценарија. Ако не ја постигнете планираната продажба за шест месеци, што ќе направите? Проценката е теориска. Плановите се поконкретни. Треба да знаете што ќе направите ако не оди се според зацртаните термини. И да знаете дека нема да оди.
Не ги потценувајте трошоците
Лесно е да се потценат трошоците кога дозволувате надежта да ви се меша во пресметките. Стартапот, без разлика колку и да е брзорастечки, секогаш има скриени трошоци. Само затоа што сакате нешто да успее, не значи дека магично помалку ќе ве чини. Направете бекап план во случај погрешно да ги предвидите трошоците. Исто како времето, сигурно и трошоците нема да бидат според предвиденото.
Не се откажувајте прерано
Претриемачите што се успешни станале тоа што се затоа што работеле понапорно и подолго. Пред да се откажете, отстапете на страна и одлучете дали дополнителен напор ќе биде доволен да ги совладате пречките. Некогаш не е до бизнисот или до пазарот. Некогаш е до вас. Никогаш не се откажувајте ако не сте сигурни дека не е до вас.