Најефикасни начини за справување со стресот

121

oblaci

Фото: Pexels

Колку и да се трудиме, понекогаш не можеме да ги одбегнеме стресните ситуации. Ниеден живот не поминал без грижа, сомнеж и несигурност во одреден период. Сепак, добро е да знаеме дека и стресот може да се контролира.

Во продолжение неколку начини како да не дозволите стресната ситуација да излезе од контрола.

Одбегнувајте ги луѓето што ви предизвикуваат стрес

Едноставно, ако некоја личност прави да се чувствувате непријатно и загрижено, одбегнувајте ја колку што можете, без разлика дали станува збор за познаник или близок човек.

Контролирајте го опкружувањето

Ако вечерните вести ве прават нервозни, не ги гледајте. Ако не можете да го поднесете сообраќајниот метеж, одете по подолгиот и порастеретен пат. Одберете ја онаа опција што нема дополнително да ви го отежни денот или ноќта.

Не ги потиснувајте чувствата во себе

Ако некој или нешто ви предизвикува непријатност, кажете го тоа и изразете ги чувствата искрено и отворено. Во спротивно стресот само ќе се акумулира во вас, што не е добро во ниеден случај.

Подобро организирајте го времето

Лошо менаџирање на времето може да предизвика стрес. Но, ако добро испланирате пред време и не се преоптоварувате, ќе бидете посмирени и поефикасни.

Погледнете ги проблемите од друг агол

Иако ситуацијата носи ниво на стрес, обидете се да ја гледате малку попозитивно. Најдете нешто сосема трето на што ќе се фокусирате и за момент заборавете на тоа што се случува.

Помислете на големата слика

Колку оваа ситуација ќе биде важна во иднина, за еден месец, година. Дали вреди да се загрижувам? Ако одговорот е не, зачувајте ја енергијата за нешто поважно.

Не се обидувајте да контролирате нешто што не можете

Многу работи во животот се надвор од наша контрола. Затоа, наместо да се нервирате и грижите за нив, фокусирајте се на работите што можете да ги контролирате, како на пример вашата реакција на стресни ситуации.