Најевтин 5G телефон во светот

34

Цените на 5G телефони како Samsung Galaxy S10 5G, LG V50 5G или OnePlus 7 Pro, претставени во текот на 2019 година се движеа од 800 до 1.000 долари.

Една од најевтините 5G варијанти во текот на минатата година беше Motorola Moto Z4, со 5G Moto mod, којашто чинеше околу 440 долари.

Оваа година можеби ќе може да очекуваме поевтини 5G модели на телефон.
Кинескиот производител Coolpad го претстави својот прв 5G телефон, наречен Legacy 5G. Телефонот ќе се најде на пазарот во вториот квартал оваа година, а ќе чини 400 долари. Засега, ова е најевтин 5G телефон на пазарот, пишува Cnet.

Фото: Pexels