Индиска компанија претстави нов смартфон на пазарот наречен Freedom 251, пишува BBC. Она што е најинтересно кај него е ниската цена од нешто помалку од 4 долари.
Името на компанијата е Ringing Bells, а истата е основана во септември 2015 година. Со продажба на мобилни телефони започна пред неколку недели преку нивната веб страна.
Според претставници од компанијата, Ringing Bells моментално увезува делови од други прекуокеански земји и истите ги составува во Индија, но за една година планира да започне телефоните да ги произведува на домашен терен.