Најголем пад во последната деценија -Продажбата на паметни телефони во Кина падна за 13 отсто

35

Продажбата на паметни телефони во Кина падна за 13 отсто минатата година, што е најголем пад за секторот во последната деценија, бидејќи потрошувачите купуваа претпазливо, соопшти денеска фирмата за истражување на пазарот IDC.

Вкупниот број на испорачани уреди беше 286 милиони, што е намалување од 329 милиони во 2021 година, што значи дека вкупната продажба во 2022 година беше помала од 2013 година, а за прв пат оттогаш, годишната продажба падна под 300 милиони, според извештајот.

Телефоните Vivo, кои работат на оперативниот систем Андроид, беа најпродаваниот бренд минатата година, со пазарен удел од 18,6 отсто, а нивните испораки паднаа за една четвртина.

Втора најпродавана марка е Honor, а трета е Apple и Oppo.

Падот на продажбата на паметни телефони во Кина се одрази и на продажбата во секторот на глобално ниво, бидејќи глобалните испораки на паметни телефони достигнаа 1,2 милијарди, што е најниско од 2013 година и претставува пад од повеќе од 11 проценти.