НАЈГОЛЕМ РАСТ ВО СВЕТОТ: Цените на недвижностите во Израел пораснаа за 345,7% во претходната деценија

49

Цените на недвижностите во Израел пораснаа за 345,7 проценти во претходната деценија, што е најголем раст во светот, покажува најновото истражување спроведено од британскиот сајт Money.

Во тој период, платите во Израел се зголемија за 17,5 проценти, а инфлацијата порасна за 0,92 проценти годишно, пишува „Ерусалим Пост“.

Комбинирајќи ги податоците за цената за метар квадратен во градските центри и населени места, просечната цена за квадратен метар во 2010 година изнесуваше 2.300 евра, а во 2020 година 7.900 евра.

Швајцарија е втора по зголемувањето на цените на недвижностите на исток, од 165,5 проценти во претходната деценија, потоа Германија (162 проценти), САД (153 проценти) и Унгарија (137,8 проценти), а на десеттото место се наоѓа Велика Британија, со зголемување од 74,9 проценти.

Според официјалната статистика на ОЕЦД, просечната годишна плата во Израел се зголеми од 36.000 евра во 2010 година на 42.500 евра во 2020 година.

Годишната стапка на инфлација во Израел од 0,92 проценти е меѓу најниските во светот – само Швајцарија (-0,04 проценти), Јапонија (0,42 проценти) и Грција (0,5 проценти) имаа пониски стапки на инфлација во претходната деценија, покажуваат податоците на Светска банка.