Најголеми грешки што еден директор може да ги направи

76

И директорите се луѓе како и останатите и можат да направат грешки. Сепак, некои од нив се речиси незабележителни, но има и такви што можат да имаат многу негативно влијание врз целокупната работа.

Одложување на отказно решение

Не е лесно да се донесе одлука за отказно решение, но уште полошо е кога некој кој треба да си оди, останува во компанијата, само затоа што директорот не го кажал финалниот збор. Продуктивниот тим е од суштинско значење за успехот на компанијата и доколку има некој што не одговара на профилот, тоа претставува опасност за понатомошното работење. Одложувањето може да биде поради тоа што самиот директор ја донел таа личност во компанијата или пак се познаваат долго време. Како и да е што подолго се чека толку полошо може да биде за целиот тим.

Губење на контакт со вработените во “првите редови“

Овие вработени се тие што директно имаат контакт со клиентитe и случувањата на пазарот. Затоа ако директорот од икс причини се дистанцира од овие “борци“ нема да ги добие потребните информации од прва рака.

Скршнување од патот

Промените се неопходни понекогаш, но исто така е важно да се остане доследен на суштината на бизнисот. Директорот треба секогаш да ги има на ум потребите на најлојалните клиенти и да најде начин тие да ги задоволи. Секако желбите на купувачите се менуваат, но треба да се внимава да не се направат чекори што можат да ја разнишаат самата срж на бизнисот.

Фото: Pexels