Најголеми производители на тиква во Европа

56

Во текот на 2019-та година, околу 25.000 хектари обработлива површина во Европската унија (ЕУ) е посветена на одгледување на тикви. Меѓу земјите членки на ЕУ, најголем производител на тикви е Франција со 129.400 тони минатата година.

Според податоците на Eurostat, по Франција следуваат: Шпанија (129.100 тони), Германија (86.000 тони), Португалија (72.700 тони) и Полска (68.500 тони).

Во текот на минатата година, ЕУ увезе 31.100 тони тиква од земји надвор од унијата, што е за 81% повеќе во однос на 2012 година. Најголемиот дел од увозот отпаѓа на Јужна Африка (17%), по што следуваат: Панама (10%), Мароко (10%), Велика Британија и Аргентина (по 9%) и Бразил (8%).

Од ЕУ минатата година се извезени 21.700 тони тикви, што е 64% повеќе во однос на 2012 година. Дури 63% од извозот е наменет за пазарот на Велика Британија, а потоа и за Швајцарија (16%) и Израел (11%).

Меѓу земјите членки, Шпанија е најголем извозник на тикви во земји надвор од Унијата. Таа учествува со 36%, а потоа следуваат: Португалија (30%), Франција (12%) и Грција (10%).

Фото: Freepik