Најголемите грешки што ги прават претприемачите

29

door-1590024_960_720

Фото: Pixabay

Каде најмногу грешат претприемачите во бизнисот? Дознајте во продолжение.

Желба за брза заработка

Ниеден успех не се случил преку ноќ. Обично се потребни години посветени на труд и работа. Ако започнувате бизнис со помислата дека брзо ќе станете богати, за кратко време ќе наидете на разочарување. Но, тоа никогаш не смее да биде причина да се откажете. Секој искусил пад(ови) пред да ја оствари својата замисла.

Намалување на цените

Честопати претприемачите грешат кога ја намалуваат цената на тоа што го нудат, надевајќи се дека бизнисот ќе тргне по нагорна линија. Но, пониските цени не значат повеќе купувачи. Многу клиенти би платиле повеќе доколку производот или услугата се докажани и квалитет.

Попустлив лидер

Ниедна компанија не успеала со лидер кој немал лидерски способности. Ова не значи дека треба да поставувате ултиматуми и да бидете ултра строги, но не смеете да си дозволите да бидете попустливи и без авторитет кај вработените. Добриот лидер води, поставува цели и инспирира истите да се остварат.

Тешко се адаптирате

Ако сакате да бидете успешен претприемач мора да се адаптирате на секоја промена. Не се држете цврсто и слепо за еден производ/услуга, тестирајте повеќе решенија, разгледајте нови опции… во спротивно конкуренцијата ќе ве “проголта”.

Игнорирање на социјалните медиуми

Денешницата е незамислива без социјалните медиуми, а сепак има претприемачи кои мислат дека не им треба интернетот за да се рекламираат. Без разлика во која индустрија сте, не ја игнорирајте моќта на онлајн претставувањето. Купувачите се веќе таму, бидете и вие и остварете контакт. Технологија мора да се искористи максимално, нема да ве чини ништо, а ќе добиете многу.