Најмногу слободни работни места има во секторот услужни дејности и продажба

29

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2019 година, стапката на слободни работни места изнесува 1,44 %.

Највисока стапка на слободни работни места има секторот – Објекти за сместување и сервисни дејности со храна 4,13 %, додека најмала е стапката во секторот – Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување, каде што изнесува 0,24 %.

Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 1,92 %.

Југозападниот Регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 3,19 %.

Најголем број слободни работни места, односно 2.944, има во петтата група на занимања – Работници во услужни дејности и продажба.

Фото:Pexels