Фото: Pixabay
Најмногу слободни работни места, односно 2.443, во првото тримесечје од оваа година, има во групата занимања – работници во услужни дејности и продажба, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Стапката на слободни работни места во првиот квартал изнесува 1,77%.
Највисока стапка на слободни работни места има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна 2,73%, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, каде што изнесува 0,12%.
Деловните субјекти со број на вработени од три до девет имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,03%.
Југозападниот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,24%.