Во Македонија пристигна најновиот модел на ексклузивниот и скап Порше 911, во чест на 50-та јубилејна година од појавувањето на овој престижен спортски автомобил.
“Предизвикувајќи воздишки како кај вработените во Порше Македонија, така и на сите посетители во салонот, овој спортски убавец препознатлив по својот моќен звук на моторот, техничка перфекција и софистицираност, Порше 911 ќе плени погледи и по скопските улици”, информираат од компанијата.
Екслузивниот и моќен автомобил претставува врвен хармоничен спој на противречности: на спортски дух и секојдневна практичност, на традиција и иновација, ексклузивност и општествена прифатливост, на дизајн и функционалност.
Новото Порше 911 доаѓа во две верзии: Carrera и Carrera S со 3,4 односно 3,8 литарски боксер мотор, со директно вбризгување на горивото (DFI) и VarioCam Плус кој развива до 350 т.е 400 коњски сили соодветно при 7.400 вртежи во минута. Забрзувањата се фантастични. Кај Carrera за 4,6 секунди до 100 км/час, а кај Carrera S за 3,9 секунди од 0-96 км/час и може да се пофали со максимална брзина од 297 километри на час.