Најпосетуваните градови во 2024 година – Дестинации кои привлекуваат милиони туристи

Објавена е листата на најпосетувани градови во светот во 2024 година, направена од Euromonitor International, а оваа година на врвот на листата е главниот град на Тајланд, Бангкок.

Бангкок имал дури 32,4 милиони меѓународни пристигнувања, што е значителен раст (37 отсто) во споредба со минатата година. Бангкок има околу 12 милиони повеќе пристигнувања од Истанбул, кој забележа 20,2 милиони меѓународни пристигнувања во 2023 година, што го прави број еден најпосетуван град во 2023 година.

Истанбул оваа година заврши на второто место со 23 милиони пристигнувања, а потоа следат Лондон, Хонг Конг, Мека, Анталија, Дубаи, Макао, Париз и Куала Лумпур, пренесува Index.hr.