Најпознатиот Јутјубер во светот подарува 26 Тесла автомобили: Еве ги условите

222

Веројатно најпознатиот јутјубер во светот, MrBeast, реши да ги израдува своите следбеници со тоа што ќе им подари автомобили Tesla.

“Го славам мојот 26-ти роденден, па на моите следбеници им подарувам 26 Тесли! Лајкнете ја оваа објава и означете двајца пријатели во коментар за да учествувате. Следете ме за да ви испратам порака ако освоите Тесла. Победниците ќе да бидат објавени за седум дена. Споделете го ова на вашата приказна и помогнете им на вашите пријатели да освојат Тесла“, напиша тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MrBeast (@mrbeast)

Целиот документ со правилата за наградни игри може да се најде овде

Потсетуваме дека Џејмс Стивен Доналдсон, попознат како MrBeast, е најследен Јутјубер денес со над 240 милиони следбеници на таа платформа. Во 2023 година, тој беше најуспешниот дигитален креатор, според Форбс. Неговата проценета бруто заработка е дури 82 милиони долари.