Најскапиот апартман во регионот е во Тиват – се продава за седум милиони евра

62

1mn

Веројатно најскапиот стан во Црна Гора, но и во регионот, кој се нуди на продажба, се наоѓа во Тиват, во срцето на елитната наутично – туристичка населба Порто Монтенегро, пишува Вијести.

Станува збор за ултралуксузен дуплекс апартман на последниот кат на новиот кондо – хотел Regent Porto Montenegro, на вкупна корисна површина од 603 метри квадратни. Заедно со терасите, овој апартман има преку 650 квадрати и се продава по цена од седум милиони евра.

Според неофицијални извори на Вијести, интерес за апартманот покажал арапски шеик, кој со менаџментот на хотелот преговара да го купи за шест милиони евра.

Кондо – хотелот Regent Porto Montenegro е во завршна фаза и ќе биде отворен во август годинава.

mn2

mn3