Најважните принципи на идниот менаџер

97

mehanizam

Фото: Pixabay

Погледнете според кои принципи се дефинира идниот менаџер, според Forbes.

Менаџерот е лидер

Менаџерот мора да биде лидер кој ќе ги заслужи своите следбеници со однесувањето, карактерот, идеите и целите, а не со командување и заплашување. Менаџерската позиција треба да се заслужи, а не само да се даде.

Се грижи за вработените

Тој/таа има задача да ги “отстранува” пречките кои стојат на патот на вработените. Менаџерите постојат за да ги направат своите вработени поуспешни, а не од нив да направат свои слуги.

Се разбира од технологија

Менаџерот треба да знае од кои технологии нивната компанија ќе има корист и истите да ги имплементира во работењето.

Води со својот пример

Тој/таа е првата личност која ќе прифати нов концепт, правила, нова технологија, ќе демонстрира нови принципи на однесување. Менаџерот не може да води со делегирање и наредби, менаџерот води со демонстрирање.

Ја прифаќа ранливоста

Барањето помош, признавањето на сопствената грешка или незнаење е нормална работа за идниот менаџер. Тој/таа не треба да прави проблем доколку мислењето на некој од вработените не се вклопува со неговото/нејзиното. Кога станува збор за идниот менаџер, сите стереотипи што некогаш постоеле, сега не важат.

Поттикнува

Нови идеи, поттикнувачки разговори, екперименти… менаџерот е тој што треба постојано да ги поттикнува своите вработени да бидат храбри и инвентивни.

Верува во колективна интелигенција

Менаџерот го прифаќа фактот дека како единка нема да биде секогаш во состојба да ги реши проблемите и да има одговор на сите прашања. Тој/таа верува во колективната интелигенција на тимот и знае дека повеќе глави мислат подобро од една.