Највлијателниот музички магазин Rolling Stone доби хрватско издание

23

rs naslovna 1

Магазинот Rolling Stone, еден од најпрепознатливите и највлијателните музички магазини, од минатата недела е достапен и на хрватски јазик, преку издавачката куќа S3 Медија. Договорот за лиценца е потпишан на почетокот на годинава во Њујорк.

Магазинот Rolling Stone прв пат се појави во 1967 година во Сан Франциско, а основач и главен уредник (од тогаш, па до денес) е Јан Венер. Венер ја вработи тогаш студентката по уметност Ени Либовиц, која ги постави стандардите за фотографија за сите насловни страни на Rolling Stone. Либовиц има снимено 142 насловни страници, од кои некои влегоа во историјата.

Лиценцирани изданија на овој месечник излегуваат во 25 земји во светот, а главна уредничка на хрватското издание е Ела Радиќ. Првата насловна страна ја доби контроверзниот рокер Горан Баре.