Рејтинг агенцијата „Фич“ објави дека го намалила рејтингот на 31 руска банка.
Меѓу банките чии рејтинзи се намалени се Рајфајзенбанк Русија, Гаспромбанк, Алфа-банк, Сбербанк, Тинкоф банка и други.
„Го намаливме рејтингот за одржливост на сите руски банки на „cc-“ од „b“ и ги отстранивме од Rating Watch Negative (RWN), што одразува нагло влошување на деловното опкружување за банкарското работење“, се вели во соопштението на рејтинг агенцијата.