Намален откупот и продажбата на земјоделски производи во јули

33

Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во јули 2013 година изнесува 998.346 илјади денари што претставува намалување за 13,2% во споредба со јули 2012 година.

Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 7,1%, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е намалена за 24,9%.

Намалување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се забележува кај житата и овошјето, додека кај сите други земјоделски производи се забележува зголемување.