Наместо да критикувате, покажете иницијатива

18

tim-pixabay

Фото: Pixabay

Многу често доаѓаме во ситуација да советуваме, критикуваме и да набројуваме што нашите претпоставени би требало да бидат или да прават. Малкумина размислуваат што можат самите да сторат и во кој правец да се развиваат со цел да влијаат на постигнатиот успех.

Деловните трендови се менуваат, па затоа неопходно е да сте во тек со случувањата. Ако сакате да бидете успешни, едноставно морате да знаете како се развива индустријата (гранката) во којашто работите.

Комуникацијата со вашиот претпоставен е секако важна, но немојте да очекувате од него/неа да ви ја сервира секоја информација. За некои работи треба да покажете иницијатива.

Дел од тимот

Скоро секоја компанија успехот го должи на одличното функционирање на тимот. И токму затоа што секој човек е своја приказна, потребна е флексибилност, соработка, вклопување во целината, компромис… Не можат сите работи да бидат како вие што ќе посакате.

Живееме во време кога е тешко да најдеме работа што ќе биде добро платена, со одлични колеги и супер расположен шеф.

Работата не може да биде совршена, но тоа не значи дека правилата не треба да се почитуваат. Доаѓањето навреме, почитувањето на рокови и работните задачи се основните појдовни точки, но она за што малку се зборува е почитувањето на работодавачот и работното место како такво.

Пробајте да гледате од малку поинаков агол, ако постојано се жалите и критикувате, успехот и задоволството од работата ќе бидат недостижни. Како личност ќе станете огорчени и ќе бидете постојано негативни. Имајте во предвид дека многу работи зависат исклучиво од вас и дека на вашта кариера првенствено влијаете токму вие.

Ако го дадете својот максимум и се трудите да ги извршувате задачите на најдобар можен начин, тоа нема да остане незабележано. Оставете ги критиките и празните зборови, преземете ги работите во свои раце и покажете иницијатива.