Nanobag 2.0 & Nanopack – лесни и компактни еко-торби за повеќекратна употреба

26

Старт – ап од Хонг Конг креираше ултра лесни торби од еколошки материјал, како алтернатива за пластичните кеси. Nanobag 2.0 и Nanopack се компактни и лесно се собираат за да можат да се носат и во џеб. Ова е втора кампања на стартапот и овој пат производите се поголеми, покомотни за носење, надградени со каиши за лесен транспорт и со поелегантен дизајн.

Нивната дебелина изнесува само 0,05 милиметри, а се доволно силни да носат товар од 25 килограми. Торбите, исто така, се водоотпорни.

Nanobag 2.0 “собира“ 18 литри течност и тежи 22 грама, додека Nanopack пренесува 14 литри и тежи 23 грама. Со цел да им го олеснат транспортот на корисниците, стартапот додаде каиши со дебелина од два сантиметри за поеднаква распределба на тежината на грбот.

Производите имаа успешна кампања на платформата за финансирање Indiegogo каде што собраа 93.311 долари. Првите испораки се очекуваат во март следната година.