Фото: Pixabay
Еве неколку мали интересни совети како да го направите напорниот работен ден позабавен, а со тоа и попродуктивен.
1. Одвојте барем една минута и помислете на омилениот момент на работа.
2. Поканете некој од новите колеги на ручек за време на паузата.
3. Подарете им на колегите рачно изработен подарок.
4. Пронајдете некоја интересна онлајн шега и раскажете им ја на сите.
5. Натерајте ги сите да се соберат за групна фотографија.
6. Насмевнете се или намигнете на некој познат.
7. Организирајте натпревар во фрлање на книжни авиончиња. Оној чиј авион најдалеку ќе долета добива екстра пауза од 15 минути.
8. Давајте комплименти секогаш кога можете.
9. Прашајте неколку колеги како се чувствуваат и внимателно слушајте.
10. Украсете го вашето работното биро со саксиско цвеќе.
11. Земете мали ливчиња, напишете убава порака и дајте им ги на оние што вредно работат на својата задачата.
12. Одвјоте пет минути и убаво размрдајте се.
13. Смејте се на своја сметка.
14. Облечете се убаво како да е некој посебен ден.
15. Прославете некоја успешно завршена зделка или проект со музика, можеби и награда- вечера за двајца.
16. Заменете си ги работните задачи со некој колега од истиот сектор на еден ден.
17. Напишете меил до најуспешната личност во вашата индустрија во кој ќе побарате мал совет во врска со работата.
18. Смислете некоја интересна игра и забавувајте се за време на паузата.
19. Донесете некое интересен украс од дома и ставете го на прикладно место во канцеларијата.
20. Бидете креативни и не се плашете да внесете ведрина на работното место, па макар било тоа и за момент.